За еден месец ќе се завршел првиот дел

0
1575

Увид во реконструкцијата на патот Битола-Ресен-Буково денеска изврши Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Станува збор за инвестиција од околу 6 милиони евра за реконструкција на пат во должина од 27 километри. На дел од патот од Битола кон Ресен денеска се вршеше асфалтирање, а се очекува првите 7 километри од патот да бидат комплетно готови за еден месец. Паралелно се работи и на делот од Ресен кон Битола, така што до крајот на годината сите 27 километри треба да бидат комплетно санирани, рече Мисајловски.

Sequence 01.Still547

Градежните работи ги изведуваат две македонски компании. Додека се изведуваат градежните работи на патот Битола-Ресен за сообраќај се користи стариот пат на истата релација.

Без коментари

LEAVE A REPLY