За едни мит за други суеверие

0
542

Петок, 13-и е денот кој предизвикува страв кај луѓето во целиот свет. Голем процент од вработените дури не стануваат од кревет на овој ден. Истражувачите уште ги бараат причините за „црниот петок“.
Еве неколку причини ширење страв од овој ден:

Бројот 13

Според нумеролозите бројката 13 има лоша среќа, бидејќи е по 12, а тоа е убав број, со добра карма – има 12 месеци во годината, 12 Хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта. Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од 12. Верувале дека 13-от во групата е самиот ѓавол.

Историја на датумот

На Тајната вечера Јуда – апостолот кој го предал Исус, седел точно на 13-тиот стол крај масата.
Во петок, 13 октомври 1307 година, по наредба на францускиот крал Филип Шести и папата Климент Пети се уапсени Жак де Моле Велики мајстор на витешкиот ред Темплари и илјадници членови на Редот. Тие се обвинети за ерес, богохулство, хомосексуалност и разни други злосторства и се сурово измачувани. Некои биле изгорени на клада, други биле егзекутирани подоцна.

На 13 април 1970 година експлозија на резервоар ги спречува плановите на Аполо 13 за слетување на Месечината. Часот на лансирање на Аполо 13 е 13:13 американско време.

Петок, 13 август 1976 година, Даз Бакстер од страв решава да остане дома на овој датум. Подот на неговиот стан, сепак се урива и тој умира шест ката надолу. На петок 13 септември 1996 година, раперот Тупак умира.

Факти

Ако се плашите од петок 13-ти, тогаш вие страдате од „параскевидекатриафобија“.
Културолозите сметаат фобиите кон петок 13-и за релативно неодамнешен феномен настанал во 19 век од спојувањето на две древни суеверија: несреќите на денот петок и најопасниот број 13.

САД губи меѓу 800 и 900 милиони долари од тоа дека многу луѓе едноставно не одат на работа на овој ден.
Стравот од петок 13. измачува околу 20 милиони Американци.
Повеќето облакодери немаат нумериран 13. кат. Во многу хотели исто недостасуваат 13-кат или 13-а соба. Во Формула 1 не е присутен бројот 13.

Истражувачите утврдиле дека на фаталниот ден помалку луѓе ги возат своите автомобили, но и покрај тоа настануваат повеќе патни инциденти.
Најпознатите сериски убијци во историјата содржаат по 13 букви.