За енергетската ефикасност дебата во Битола

0
198

Поставување на енергетската ефикасност како примарна цел на надлежните во локалната самоуправа и активно вклучување на граѓаните при донесувањето на одлуките поврзани со енергетската ефикасност, на оваа тема денеска се одржа третата дебата во Битола организирана од Здружението „За нас се работи”.

Кои се механизмите и активностите кои што треба да се преземат во Р.Македонија за да не се доведеме во енергетска зависност или да продолжиме на патот кој што не води до таа енергетска зависност.

vesna_vozduh_002.jpg

Битола како и другите општини во Р.Македонија има донесено цели и планови за енергетска ефикасност, конкретно нашиот град има донесено акционен план за енергетска ефикасност за период од 2009 до 2013 година а во наредниот период во пла е и нов акционен план за наредните три до четири години.

Предавачи на дебата беа Столе Георгиев од Центарот за локален развој, Радовиш, Предраг Стојковски уредник на првиот блог за енергетска ефикасност на Р.Македонија и Благојче Котевски , советник во општина Битола

vesna_vozduh_001.jpg

Проектот „ Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина ” вклучува низа активности низ Битола и Пелагонискиот регион во перид од 18 месеци и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество- Македонија.