За епилепсијата, со д-р Татјана Чепрегановa Чанговска

0
674

Епилепсијата е хронична болест каде епилептичните кризи имаат тенденција да се повторуваат спонтано, хронично, вели д-р Татјана Чепрегановa Чанговска, невролог од Аџибадем Систина.

-Eпилептичниот напад е кратка клиничка манифестација на пароксистичка хиперактивност на една група мозочни неврони. Таа има свој почеток, сосема добро дефиниран во време и крај. Може да се манифестира со абруптна модификација на состојбата на сознанието, со моторни, сензитивни, сензоријални, или психички феномени. Според дефиницијата на СЗО епилепсијата е дефинирана како мозочна хронична болест, која има различни етиологии и која што се карактеризира со рекурентни кризи врзани за екцесивно празнење на мозочните неврони, изјави Д-р. Татјана Чепрегановa Чанговска, невролог од Аџибадем Систина.

Епидемиолошките податоци укажуваат на фактот дека епилепсијата е универзална болест постои во секоја земја и од неа може да оболи секоја индивидуа. Нејзината дистрибуција зависи од возраста, полот, расата, социјалните и географските фактори, развиени или неразвиени земји. Постојат повеќе причини за епилепсија

И кај децата , како и кај возрасните постојат голем број различни типови епилепсии, но земено општо нивната честота се движи околу 0,5 – 1% од општата популација.

-Постојат идеопатски епилепсии, се викаат уште и генетски епилепсии, кога нема причина за епилепсија , генетската предизпозиција е единствената причина. Симптоматски епилепии, се нарекуваат уште и структурални/метаболни епилепсии. Сите типови на напади кои се предизвикани од нешто, така што дефиницијата за симптоматски е круижна во структурните или метаболните промени во мозокот. Потоа постојат и криптогени епилепсии кои се наречени непознати, причината за нивното настанување не е позната. Ако не е генетска или симптоматска епилепција се преферира да се каже дека причината е непозната, додава д-р Чепрегановa Чанговска.

Прашањето е како да се постави вистинската дијагноза? Бидејќи најголемиот број напади се случуваат во домашни услови, добар опис на нападот од страна на очевидците може да даде многу корисни информации, вели д-р Чепреганова Чанговска

-Околностите во кои се случил нападот, евентуалните предупредувачки знаци (аура), моторните или сензорните промени при нападот, текот и дистрибуцијата на промените – на пр. во кој дел од телото започнал еден моторен напад, каде се проширил, каква била реактивноста и состојбата на свеста на детето, типот на движењата, траењето, текот на опоравувањето по нападот (т.н. постиктална состојба ), присуството на резидуални дефицити- на пр.слабост во екстремитет, отежнат говор. Сето ова се значајни податоци корисни за поставување на правилна дијагноза кои можат да ги дадат блиските луѓе на пациентот.Потоа се пристапува кон специфични иследувања, т.е. се реализира  ЕЕГ преглед или електроенцефалограм. Ова е неинвазивно иследување кое нема никакви несакани ефекти, не е болно, може да се реализира кај сите пациенти вклучувајќи и новороденчиња. Служи за анализа на мозочната електрична активност и со него се утврдува локацијата на изворот на абнормалната електрична активност која довела до настанување на нападот. Кај некои деца е потребно снимање и во тек на сонот, додава д-р Чепреганова Чанговска

Терапијата за епилепсија е подолготрајна, и може да се лекува со терапија и со хируршка

-По поставување на дијагнозата на епилепсија, се започнува фармаколошки третман во зависност од типот на епилепсијата или епилептичкиот синдром, вели д-р Чепреганова Чанговска

Последните статистички епидемиолошки испитувања потврдуваат дека во светот, бројот на пациенти со различни форми на епилепсија изнесува околу 60 милиони.