За годинашниот АКТО со Филип Јовановски

0
344

АКТО и оваа година понуди разновидна програма на повеќе локации во Битола, а вклучуваше работилници, изложби и многу настапи на македонски алтернативни бендови и диџеи.

Во фокусот на ова издание, кое се одржа на 1 и 2 септември, беше иницијативата за ревитализирање на Офицерскиот дом како културен белег на градот Битола и за таа цел се одржа дебата на тема „Каков Офицерски ни треба?“

Здружението за уметност и култура ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје, кое го организира АКТО, е замислено како отворена едукативна и продукциска платформа во полето на современата уметност и култура, со фокус на култивирање на критичкото, ангажираното и активното учество на граѓаните во политичкиот, општествниот и уметничкиот контекст во разни средини.

Без коментари