За граничните контроли на Шенген зоната

0
420

Министрите за внатрешни работи на земјите- членки на Европската унија во Амстердам на неформален состанок, ќе ги разгледуваат опциите за продолжување на времените гранични контроли во Шенген зоната, со цел да се контролира приливот на мигрантите.

Според членот 26 од Шенгенскиот договор, кој никогаш досега не е применет, се дозволува една или повеќе членки да воведат двегодишна контрола на своите граници.

Воведените времени гранични контроли истекуваат во мај, што значи мора да бидат или укинати или продолжени уште две години.

Еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос смета дека доколку падне Шенген зоната, тогаш ќе почне да се урива целата европска конструкција. Границите на ЕУ нема да се затворат, дециден е Аврамопулос.

Без коментари

LEAVE A REPLY