За информационите анализа и третмани

0
1277

ВТ диет клубот од Битола со новина до јавноста. Биоенергетската состојба на човековото тело. Од таму велат дека можат да ја анализираат, нешто што многу се користело во Русија.

-Информационата анализа која ја работиме во ВТ диет клубот е динамична информативна метода која се повеќе и повеќе се користи во Руската Федерација за испитување на здравствената состојба на човекот. Со помош на оваа метода може да ја процениме биоенергетската состојба на секој орган во човековото тело. Резултатите се добиваат во облик на визуелна слика со топографијата на одредена област, како и графички карактеристики, кои овозможуваат да го одредиме пореметувањето на телесните ткива. По извршената информациона анализа, пациентите добиваат предлог листа за исхрана согласно нивната здравствена состојба, препораки за суплементација или пак за информациони третмани, изјави Влатко Таневски, нутриционист во ВТ диет клубот Битола

Туака многумина од нас би се запрашале што значи информационен третман и на кој начин се спроведува

–     Принципот на информациониот третман е многу едноставен. Со апликација на електромагнетен бран се дава информација што се пренесува до клетката и понатаму на тој начин се шири по организмот и така се отстранува заболувањето. Апликацијата на електромагнетниот бран може да се направи со помош на самата апаратура или преку изработка на спектронозода, така што со биорезонантната комора се врши симултан запис на информацијата на одреден носач (вода, алкохол, шеќер, парафин). Спектронозодните препарати се безбедни за нашето здравје бидејќи нема контраиндикации, нус – ефекти и може да се користат заедно со лековите кои се пропишани од конвенционалната медицина, вели Танесвки

На Пациент во ВТ диет клубот му беше направена информациона анализа


-Ми помогна како и на кој начин да ги користат суплементите, за да ми се намалат болките во желудникот, изјави Ана Михајлова

Таневски вели дека информационите третмани се безбедни за здравјето

-Информационата анализа и информационите третмани се безбедни. На нив може да подлегнат дури и бремени жени и деца над 7 годишна возраст. Со инфорамционите третмани може да се третираат еден куп заболувања: ослабен имун систем, алергии, болки во ‘рбетот, нозете, зглобовите, акутни и хронични воспаленија, замор, исцрпеност, депресија итн рече Таневски

Таневски на крај додаде дека руските лекари ја користеле оваа технологија за увидување на здравствената состојба на астронаутите, пилотите и врвните олимписки спортисти.