За инфратруктурните планови во Новаци

0
274

Општина Новаци годинава ја посвети на проектите од програмата за локален развој.Според Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, Владата на РМ преку грант од Светска банка им доделила 35 милиони денари за три проекти во кои е вклучен регионалниот пат Гнеотино- Брод кој е со тенеденција на направи поврзување со некогашната општина Бач со што жителите од ова место би скратиле 50 километри за да стигнат до општина Новаци.Вториот проект е поврзување на регионалниот пат Р23 38 со манастирот Архангел кај селото Скочивир во должина од 1 километар и изградбата на канализациона мрежа во неколку села во должина од околу 1 км.Овие градежни инфраструктурни зафати општината планира да ги заврши оваа градежна сезона.

Без коментари

LEAVE A REPLY