За јавното осветлувањето во Битола

0
1707

Прес конференција на СДСМ за осветлувањето во Битола

KOZAROV

-Конечно сите укажувања на опозицијата околу штетноста за склучување на Ј.П.П за јавно осветлување вродија со плод.

Денес донесовме одлука за запирање на штетната постапка за доделување на Ј.П.П односно ВМРО-ДПМНЕ прифати дека аргументите на опозицијата се цврсти и исклучуво се водат од заштита на интересите на жителите на Општина Битола.

Единствена разлика во нашето “НЕ” на оваа одлука е во тоа што опозицијата инсистира дека самата постапка беше водена на нетранспарентен и сомнителен начин.

Барајки алиби во застареностна на физибилити студијата, ВМРО-ДПМНЕ сеуште неможе да се оттргне од влијанието на притворениот Талескии и јавно да го осуди неговото делување, изјави Горан Козаров СДСМ-Битола

На пресот на СДСМ реакција на ВМРО-ДПМНЕ

ICE DIMOVSKI

-Секоја одлука на ВМРО-ДПМНЕ е основана на потребите на граѓаните а таква е и денешната. ВМРО-ДПМНЕ се води според законските процедури. Во конкретниот случај се работи за застарување на рокот за физибилити студијата за јавно осветлување изработена во 2012 година и настанатата разлика на состојбите на терен .Во изминатите 4 години се направени промени на состојбите, постојат локации каде што дополнително се поставени светилки, некаде старите се заменети со нови економични светилки од страна на Општина Битола. Од тука крајно нелогично и незаконски е да се продолжи со процедуцрата со замена на за поставување на светилки без претходна ажурирана физибилити студија. Токму затоа согласно член 169 од Законот за јавни набавки, поради новонастанатите состојби и промени на условите и потребите на договорениот орган се врши поништување на процедурата, изјави Илче Димовски  ВМРО-ДПМНЕ