За медијацијата, светски искуства во Битола

0
1684

Голем интерес за предавањето на светски познатиот адвокат од Сами Акл од Бејрут Либан покажаа денеска студентите4 од правниот факултет во Битола. Светски познатиот адвокат одржа предавање на тема „Правниот Систем на Либан и запознавање на медијацијата како начин за решавање на правни спорови“.Треба медијацијата да придонесе за надминување на менталниот склоп кај нас и да ја вратиме довербата и во медијаторот и во учесниците и во странките на постапката, само така и на тој начин може да заживее медијацијата кај нас , рече Ненад Јаниќевиќ, адвокат од Скопје и регионален секретар на Светската Унија на адвокати за секторот 8 од Турција до Словенија

Медијацијата е вид на алтернативно решавање на споровите, во која по мирен пат со преговори на страните во спорот, во присуство на трета неутрална страна-медијатор, при тоа декларирајќи ја ненасилноста во комуникацијата, толеранцијата и меѓусебното разбирање се доаѓа до решавање на спорот со изнаоѓање на решение кое е предложено и прифатено од (сите ) страни во спорот

Инаку адвокатот Сами Акл: е Член на Светската унија на адвокати (СУА), Регионален секретар на Светската унија на адвокати за Блискиот и Среден Исток (1996 – 2009), · Советник на Претседателот на Светската унија на адвокати (2009 – 2010), · Координатор меѓу Светската унија на адвокати и Унијата на арапски адвокати (од 2000), · Член на Американската комора на адвокати, · Член на Советот на Ankara Bar Review.