„За нас се работи“ го повикува Талески да се изјасни за продажбата

0
355

По објавената намера за продажба на битолскиот Официрски дом, обележје на градот и историски споменик на културата, Здружението на граѓани „За нас се работи“ упати барање до градоначалникот на Битола, Владимир Талески, јавно да го искаже својот став за ваквата одлука.

12654351_1686452561631729_1190683903637869768_n

Не сакајќи да се доведеме до недоразбирање и да потпаднеме под разни шпекулации, молиме Вашиот јавен став да го изразите итно и транспарентно. Доколку се откажувате од било каква одговорност и ја префрлите одговорноста на продавачот на објектот, Владата на РМ која воедно е сопственик на истиот, Ве молиме изјаснете се и по тој повод, за активностите кои ќе ги преземеме да бидат резултат на Вашето дистанцирање од овој заеднички проблем. Со надеж дека јавно и транспаретно ќе го искажете Вашиот став и ќе одговорите на ова наше барање, Ве поздравуваме со нашиот слоган – За нас се работи“, стои во барањето на Здружението упатено до градоначалникот Владимир Талески.