„За нас се работи“ прашува зошто не работи мерната станица

0
257

-Поводот за прес-конференцијата пред мерната станица Битола 2 се алармантните податоци во последните десетина дена вклучувајќи ги и Илинденските празници, кои се појавија на страната на Министерството за животна средина, тие податоци покажуваат фрапантни бројки со вредности дваесет пати повеќе од дозволената граница. Тука сме да ги потсетиме надлежните дека треба да преземат мерки за кои ние досега алармиравме повеќе пати. Побаравме одговор зошто не работат мерните станици, надлежните не дадоа објаснување. Бидејќи локалната самоуправа има игнорантски однос кон нашите предупредувања и на нашите прашања, ни преостанува да апелираме до граѓаните да ја пратат страната на Министерството за животна средина, изјави Горан Пинза, Здружение „За нас се работи“.