„За нас се работи“ со 5 мерки за загадениот воздух

0
1033

Членовите на здружението ЗА НАС СЕ РАБОТИ на вчерашниот состанок во проширен состав ја донесоа следната одлука.

НА ДЕН 12.12.(САБОТА) ВО 18.00 ЧАСОТ ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ГРАЃАНИ НА БИТОЛА ДА ДОЈДАТ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА ЗА ДА ЈА ИЗРАЗИМЕ СВОЈАТА ЗАГРИЖЕНОСТ, СВОЈОТ РЕВОЛТ И СВОЈОТ СТРАВ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ.

Причина за овој повик е алармантната долгогодишна состојба со загадениот воздух во градов и околината, за кој виновни сме СИТЕ НИЕ.

Секако решението на овој горлив и долгогодишен проблем е пред се во политичката воља, односно, вољата на институциите на системот, во чии раце лежи секое решение на општествените проблеми особено на оние ЕГЗИСТЕНЦИОНАЛНИТЕ, кои се загарантирани со уставот и законите на Република Македонија.

Секоја власт во досегашното раководење со државата имала свои приоритети, но од досегашното се добива впечаток дека ОСНОВНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ во нашиот град се далеку на листата на приоритети, како на централната така и на секоја локална власт во изминатиов период.

Од тие причини, ние како граѓани на Битола повикуваме на поддршка на платформата за Битола наречена 5-ка за Битола. Во оваа платформа наведуваме 5 најитни мерки за справување со загадувањето на воздухот, по хронологија на важност и имплементација на истите и согласно сите експертски анализи и наоди, со реализирање на истите, воздухот во градот ќе се намали присуството на загадени материи и пм10 честички, со што во голема мера ќе се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.

Платформата 5-ка за Битола ги содржи следните ИТНИ МЕРКИ

  1. Режим на сообраќајот во централното подрачје на градот.

  2. Прскање на улиците со соодветна хемиска смеса.

  3. Јавен еколошки градски превоз.

  4. Субвенционирање на трошоците за електрична енергија на домакинствата

  5. Преадаптација на постојната топлификација во институциите, како што се болница, училишта, суд, полиција и приванти субјекти кои загревањето на своите простории го вршат преку согорување на тврди горива (мазут).

Според сите наши досегашни сознанија и анализи, преземањето на овие ИТНИ мерки, подразбираат ребаланс на општинскиот и државнот буџет. Но со оглед на важноста за решение на овој долгогодишен проблем, сметаме дека ПРИОРИТЕТ ТРЕБА И МОРА ДА СЕ ДАДЕ на животот и здравјето на граѓаните од кои СЕКОЈА ДОСЕГАШНА ВЛАСТ односно политичка партија ја барала неговата доверба и поддршка. Еве го моментот кога сите чинители и создатели на општествените политики имаат можност да ја покажат својата добра воља и разбирање на горливиот проблем на нас Битолчани.

Оваа платформа 5-ка за Битола во наредниве денови до 12.12 2015 година од членовите на здружението ќе биде доставена до сите здруженија на граѓани, политички партии и други чинители во градот со барање за нејзина поддршка.

Овој собир ќе означи почеток за поддршка на петицијата од страна на граќѓаните која во наредниоот период ќе биде спроведена и истата потпишана од сите поддржувачи ќе биде доставена до советот на општона битола со барање истата да биде изгласана и итно доставена до владата на Р.Македонија за нејзино итно спроведување.

Да не се залажуваме, овој проблем не подразбира ПАРТИСКА ВЕРСКА ИЛИ БИЛО КАКВА ДРУГА ОБОЕНОСТ.

Овој проблем ги убива сите луѓе

Овој проблем е безмилосен

Овој проблем се решава со добра воља и висока свест.

На 12.12. во 18.00 часот да излеземе да ја искажеме нашата загриженост, нашиот револт и нашиот страв, зашто ЗА НАС СЕ РАБОТИ.