„За нас се работи“ со филм за загадувањето

0
542

– Здружението за развој и активно делување и поттикнување на граѓанскиот сектор “ЗА НАС СЕ РАБОТИ” има чест да ве покани на промоцијата на првиот документарен филм “BT – TOXIC ” во рамките на проектот “Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина” подржан од УСАИД и ФООМ.

Во документарецот учество зедоа членови од здружението”За нас се работи”, медицински лица, стручни лица од РЕК – Битола, претставници од еколошки здруженија од Македонија, претставници од министерство за животна средина, членови од здружението “Битола на точак” и претставници од институтот за јавно здравје.Сценариото е на Пеце Талевски,режија : Елеонора Венинова а продуцент: Пеце Талевски. Фимот ќе се промовира утре 27 Јануари 2016 во ноќниот клуб  Позитив со почеток во 18 часот, изјави Иван Јерчиќ од Здржението „За нас се работи“.