„За нас се работи“ за последните мерења на воздухот

0
369
SONY DSC

Минатата недела фирмата Еуромак Контрол ги презентираше резултатите за амбиенталниот воздух извршени во периодот од 15 до 29 јануари годинава, каде беше констатирано дека во три од тие 14 дена загадувањето било во границите на нормалата, а во останатите 11 денови загадувањето со ПМ 10 честичките ги надминало границите. Градоначалникот тогаш рече дека ги преземаат сите превентивни меркиза заштита од загадувањето на воздухот и дека вистинското решение е да се внимава со греењето, автомобилите, а граѓаните повеќе да користат јавен превоз и велосипеди. Овај одговор на градоначалникот според Здружението За нас се работи бил само релативизирање на целата состојба со загадувањето на воздухот во градот

-Се релативизира, во смисла дека тоа е глобален проблем, климатските промени дека во голем дел придонесуваат за загадувањето на воздухот и никако еднаш засекогаш да и се погледне на вистината во очи. Покрај тоа што граѓаните согоруваат тврди горива, треба да се нзае дека уставно право на секој граѓанин е локалната самоуправа да обезбеди здрава и чиста средина, изјави Илија Балтовски, Здружение За нас се работи

Од Здружението За нас се работи на 29 февруари годинава, доставиле три граѓански иницијативи до Советот на општина Битола со кои бараат да се стават на дневен ред на Седница, предлозите за спроведување на најитни мерки за справување со аерозагадувањето. Останува, како што велат од таму, претседателот на Совет на општина Битола да одлучи дали ќе ги прифати иницијативите, и дали за нив ќе се расправа на Седница.

Викендов Здружението За нас се работи заедно со граѓаните ја спроведија Акцијата за пошумување над Кркардаш

-Акцијата помина успешно, беа засадени околу 1000 садници, и досега во тој дел се засадени околу 7 до 8 илјади садници, додаде Балтовски

И на 13 март во недела, ги повикуваат сите граѓани на уште една ваква акција за пошумување која што ќе се одржи на истата локација.