За настаните од 27 април уште најмалку стотина полицајци ќе одговараат

0
246

Министерството за внатрешни работи им даде отказ на 11 полицајци од Шестата управа кои не постапувале професионално на 27 април во Собранието, 31 се уште суспендирани, а против 70 полицајци и старешини се водат дисциплински постапки затоа што не одговориле на уставните и законски обврски.

Дел од овие полицајци не постапиле согласно нивните обврски и кога неколкумина пратеници на 27 април ја отворија собраниската главна врата кога демонстрантите влегоа во собраниската зграда. Двајца од нив, вработени во УБК, останаа без работа затоа што ги украле снимките од безбедносните камери во Собранието, не знаејќи дека системот има копија на друго место. Отказ добиле и шефовите на обезбедувањето на поранешниот собраниски претседател Трајко Вељаноски и на собраниското обезбедување.

Од МВР велат дека е ова само дел од дисциплинската постапка против овие полицајци и дека за евентуална кривична нивна одговорност надлежно е обвинителството.

www.mkd.mk