ЗА НЕД ДО кај Талески

0
465

Делегацијата која учествуваше во Германија на светското првенство за боречки вештини, од клубот „ За нед до“  Битола, денеска беа на гости кај градоначалникот Талески, кој ги пречека да им честита, на освоените 27 медалји. Дијана Неделковска истакна дека по трет пат станува светски првак и дека тоа не е ни малку лесно, а се постигнува со многу труд и дисциплина. Златко Неделковски рече дека, наредни планови им се да ја брендираат нивната вештина како посебна и уникатна, за што логистички не биле многу помогнати , но затоа тие на тоа, уште поборбено возвраќале .Градоначалникот Владимир Талески рече дека во иднина ќе размислуваат, средствата одвоени за спортот, каде и како ќе ги насочуваат, бидејќи овие деца покажале дека и без големи средстсва, се носат високи резултати.