За независност гласаа 90 отсто од Каталонците

0
144

Деведесет отсто од гласачите на вчерашниот рефрендум во Каталонија гласале за независнот на овој регион од Шпанија, официјално е објавено во барселона на основа на прелиминарните резултаи од гласањето кое Мадрид го прогласи за негелано.

Портпаролот на регионалната влада на Каталонија Жорди Турул изјави дека 90 отсто од 2,26 милиони Каталонци кои гласаа во неделата заокружиле „да“ на гласачкото ливче, за независност.

Тој рече дека речиси осум отсто од гласачите ја отфрлиле независноста, а остатокот од гласачките ливчиња биле празни или неважечки. Тој додаде дека се пребројуваат уште 15.000 ливчиња.

Без коментари