За обештетување на поплавените, ребаланс на буџетот, Црвен крст средствата ќе ги дели линеарно и по список

0
571

Секое семејство погодено од поплавите  ќе добие  по 500 евра авансно од буџетот, соопшти премерот Емил Димитриев.  Исплатата очекува да заврши до вторник.

Досега од посетените околу три ипол до четири илјади семејства, обработени се податоците за околу 1.950 семејства, така што исплатата на авансот за овие семејства очекувам да почне уште во текот на денешниот ден. Сукцесивно како ќе бидат проценувани и обработувани податоците, очекувам до вторник да бидат исплатени авансно сите семејства со по 30 илјади денари“, вели Емил Димитриев, претседател на Владата.
Од буџетот за обештетување на поплавените семејства ќе се издвојат вкупно 32,5 милиони евра, а парите ќе се обезбедат преку ребаланс на буџетот, соопшти   Димитриев.
Тој најави дека парите што ќе се користат за исплата на отштета ќе бидат надоместени со средства од меѓународни институции под многу поволни услови.
„Се работи за ангажирање на средства што сега ни се на располагање, а кои натаму ќе ги надоместиме со средства од меѓународни институции под многу поволни услови, вели  Димитриев.
Освен парите од буџетот, граѓаните погодени од поплавите ќе добијат пари и од Црвениот крст. Од таму велат дека ќе почекаат до недела да сумираат колку пари ќе се соберат на жиро сметка и преку мобилниот телефон од донациите од фирмите и граѓаните.
И по добиен на список на семејствата зафатени од природната непогода ќе почнат со  лиенарна распределба на средствата. Секое семјство зафатено од поплавите што ќе биде на списокот ќе добие иста сума на пари.
Поминаа две недели по поројниот  дожд што го зафати скопскиот регион и кој заврши кобно и  однесе 22 животи, но причини и големи матријални штети.