За објавување и поседување на “бомбите” кривично ќе се одговара

0
142

Медиумите да ги тргнат од своите веб страни сите текстови поврзани со материјалите од прислушуваните разговори што ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев. И повторно никогаш не смеат да ги реобјават и користат, во спротивно кривично ќе одговараат. Медиумите во иднина не смеат да објават ни збор од новите досега необјавени прислушувани материјали. Секој што располага со какви било материјали од прислушуваните разговори да ги предаде на специјалниот обвинител, бараат ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Пратеничките групи на овие две владеачки партии вчера до собранието поднеле закон за кривична одговорност на поединци, медиуми, партии и останати граѓани кои во иднина, по изгласувањето на овој закон ќе располагаат и ќе ги објавуваат разговори објавени на прес конференциите на опозицијата.

“Врз база на договорот од 15 јули, со кој што се формира специјален обвинител, партиите се согласија и да се донесе посебен закон за неможност да се злоупотребат бомбите за други цели. Денес пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ до Собранието поднесоа закон за забрана на располагање, поседување и злоупотреба на материјалите од прислушуваните разговори, по скратена постапка. Целта е по донесувањето на законот да се спречи злоупотреба на тие материјали. По пет дена од носењетео на законот, сите оние што располагаат со материјали од бомбите ќе треба да ги предадат до специјалниот обвинител. Кој нема да го стори тоа, според предлогот кривично ќе се гони”, изјави координаторо т на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери.

Без коментари

LEAVE A REPLY