За обљуба врз немоќно лице, битолчанец заврши в притвор

0
1492

На 04.06.2016 година од страна на СВР-Битола до ОЈО-Битола поднесена е кривична пријава против Д.З.(45) од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“. Имено, на 03.06.2016 година околу 22,00 часот, осомничениот отишол и незабележан од никого влегол во куќата на 86 годишно лице кое боледувала од тешка форма на мозочна склероза и искористувајќи ја нејзината неспособност истиот почнал да ја допира во пределот на телото. Во тој момент влегла нејзината снаа, а Д.З. избегал од  местото на настанот. По кратко време бил приведен и со истиот бил извршен разговор. Од страна на судија на претходна постапка од ОС-Битола, на осомничениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.