За обвинувањата на Насков, општината со реакција дека таа постапува согласно законите

0
1105

По изјавата на Претседателот на Друштвото на филмските работници Роберт Насков кој прашува како е регистриран фестивалот Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки-Битола од страна на општина Битола, кој како што вели тој, без одлука на советот и во чие име гртадоначалникот на Битола го направил тоа, општина Битола со одговор.

„Градоначалникот ги врши надлежностите дадени со Законот за локална самоуправа. Органот кој го издава решението за трговска марка, исто така е надлежен да постапува согласно законски прописи. Општина Битола, не чувствува потреба да завзема став по јавно искажано мислење на претставник на здружение на граѓани“ стои во соопштението од Општина Битола.