За одмор Грција барана исто како лани

0
1002

Близината и познатиот терен, но и добрите цени, кога е во прашање летување на море, се главните причини зошто со години, Грција е главната дестинација каде летуваат Македонците. Така е и оваа година.Битолчани ги разграбале аранжманите на некоја од грчките плажи, така велат од туристичката агенција Ариес велат и додаваат дека Грција останува топ дестинација за летување, а цените за хотелско и апартманско сместување остануваат исти како и минатата година .Неколкуте пакети на економски мерки кои последниов период ги донесе грчката Влада, немаат влијание во овој дел.

Во врска со информациите кои што ги објавија некои медиуми дека на српски туристи им биа одземена храна од страна на грчките цариници, досега од Ариес велат нивните автобуси таков проблем немале

Од Ариес велат дека интересот за летување во Турција кај нашите граѓани не опаѓа, а оваа година цените за летување се пониски, споредено со претходните години. Инаку Турција годинава руши рекорди во опаѓањето на бројот на туристите, пред се поради стравот од терористички напади и откажувањето на арангажманите од Русија.

Статистиката пак вели дека во првиот квартал од оваа година 20 илјади руски граѓани ја посетиле Грција, што е речиси 135 насто повеќе во однос на истиот период од 2015 година.
Приливот на руски туристи во Грција во март се зголемил за 524 насто во однос на истиот период од 2015 година. Земјата за еден месец ја посетиле повеќе од 10 илјади патници