За партиските книшки и образованието

0
220

Советниците денес ја продолжија седницата од пред две недели и продолжија да дискутираат за училиштата. Се постави прашањето за асоцијалното однесување во училиштата.

-Како е можно да имаме успешно образование, а толкав број на асоцијални појави кај учениците, праша Томе Наумов, советник од СДСМ.tome

-Америка ни е репер, а таму постојано има ученици кои прават масакр, па заради случаи треба да речеме дека имаат лошо образование? Не стои дискусијата, рече Соња Трпезановска, советник од ВМРО ДПМНЕ.sonja

Во дискусијата не беа одминати ни партиските книшки и вработувањата во училиштата.

-Обвинувате за партизирање во образованието. Ја прашувам Наташа Петровска, дали имате црвена партиска книшка од ВМРО ДПМНЕ? Дали поседувавте книшка кога заедно со други колеги бевте прогласени за технолошки вишок, праша Игор Хаџиевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.igpr

-Јас сум вработена во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ на постојани часови, во време кога не сум имала партиска книшка на ниту една партија, ниту пак моето семејство, а на власт беа СДСМ. Второ, јас не сум технолошки вишок, а тоа добро може да го потврди мојот директор, изјави Наташа Петровска, советник од СДСМ.natrasa

Дискусијата продолжи и понатаму, со оглед на тоа дека образованието е тема за која често има жешки и долги дискусии меѓу советниците.