За погодените од поплавите досега собрани 660.000 евра

0
309

На сметката на Фондот за солидарност за настраданото население од поплавите до денеска се собрани се 27.573.229 денари.

Странски донации се  4.684.782 денари се странски донации, од граѓани, институции и компании и од државата 22.888.447 денари, а од телефонските повици 13.026.500 денари или вкупно 660.158 евра.

Црвениот крст информира дека се дистрибуирани и 27.630 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 11.619 литри млеко, 15.422 литри јогурт, 3.918 пакети со хигиена, 583 бебешки пакети, 237 тони вода, 746 пакети пелени, 556 душеци, 4.392 кебиња, 600 килограми облека, 734 парчиња чизми, 332 литри дезинтал, 98 градежни колички, 126 лопати. Исто така, од екипите на Црвениот крст укажани биле 123 асистенции по прва помош.

Во четирите прифатни центри-„Ранка Милановиќ“, „Сениќ“, „Партение Зографски“ и „Фон-Интернат“, како што се наведува, се дистрибуира дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и за најранливите.

Црвениот крст на РМ апелира да се донира конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични ќеси за ѓубре.

Инаку, акцијата за собирање средства е планирана да трае до 22 август, а продолжувањето на акцијата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации.

„По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од поплавите, согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен“, се вели во соопштението од Црвениот крст.