За поголема заштита на природните вредности на Пелистер

0
678

Со цел зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација на законодавството за заштита на природата, особено барањата за Еу Директивата за птици и ЕУ Директивата за живеалишта денеска во НП Пелистрер се одржа обука и работилница за сите вработени во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000“. НП Пелистер е важно место од животната средина кое што е заштитено од РМ

-НП Пелистер е едно многу важно место од животната средина кое што е заштитено во Р.Македонија. Во овај проект и во првите чекори правиме идентификација на 7 потенцијални места кои ќе бидат влезени во Натура 2000 и голема е веројатноста дека Пелистер, поточно дел од Пелистер да влезат како дел од заштитно место во рамките на Натура 2000. Овај проект е со трање од една година и истиот претставува пилот активности .ПРоектот е во насока на спроведување на целите од Натура 2000 за заштита и зачувување на природата, изјави  Даниел Богнер тим лидер на програмата

Корисник на проектот е Министерството за животна средина , а резултатите ќе се дискутираат со засегнатите страни со цел да се обезбеди успешна имплементација . Во НП Пелистер има околу 32 видови на природни живеалишта

-Паркот благодарение на рељефот и планинката клима има околу 32 видови на природни живеалишта, така што врз основа на нашите плански документи правиме напори за задржување на тие живеалишта , што значи следење и мониторинг и секако проширување на тие живеалишта. Најраспространети живеалишта се буковите и моликовите шумии има показатели дека од прогласувањето на паркот до денес дрвната маса на шумите е зголемена за 60%, изјави Амет Аџиу, директор на НП Пелистер

Проектот ќе придонесе кон приближување на земјата корисник до ЕУ од аспект на ушправување и заштита на природните вредности. Истиот е во вредност од 1,2 милиони евра, и се однесува на целата територија на државата и има 5 компоненти

Натура 2000 е клучниот дел на политиката за природа и животна средина на Европската Унија.Таа претставува мрежа на подрачја на заштита на природата, воспоставена според Директивата за хабитати, распространета ширум Европската Унија. Целта на оваа мрежа е обезбедување на долгорочниот опстанок на највредните и загрозените видови и типови на живеалишта ширум Европа.