За последните 6 месеци 142 нови предистражни предмети

0
266

Катица Јанева и нејзиниот тим од Специјалното јавно обвинителство и покрај тоа што веќе не може да поднесува обвиненија, во моментов има активни 99 предистражни постапки. Ова го наведува Јанева во четвртиот шестмесечен извештај кој го објавува на двегодишнината од формирањето на СЈО.

Преслушани се 70 проценти од прислушуваните материјали, а дополнително СЈО анализира и снимки пронајдени кај Чауш и кај уште едно лице за кое не се наведува дали е скопскиот бизнисмен кој беше приведен и во полиција и на распит во СЈО.

„Извршена е анализа на вкупно 22.595 трансакции кои биле извршени преку жиро сметките за редовно работење на политичката партија во периодот од 1 јануари 2009 до 31 декември 2015 година“, се наведува во Извештајот на СЈО.

За Јанева и за СЈО од големо значење е одлуката со која Апелација пресече дека бомбите можат да бидат доказ во случајот „Шамари во Центар“ против поранешниот премиер Груевски.