За работењето на јавните претпријатија

0
778

Општинскиот комитетот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Битола, се пресели во новите партиски простории во центарот на градот.На првата прес-конференција во новиот општински комитет говореа директорите на јавните претпријатија „Пазари“ и „Водовод“ и на индустриската зона Жабени за работењето со општината.

-За разлика од нив ВМРО ДПМНЕ знае и умее пред очите на луѓето да создава дела и резултати.

Доказ за тоа се бројните проекти кои се реализираат од страна на јавните претпријатија, а кои резултираат со подобрување, осовременување и унапредување  на условите за живеење во Општина Битола.

Се додека СДСМ спроведува политички хајки кон истакнати функционери од ВМРО-ДПМНЕ и шири невистини дека Општина Битола е нефункционална, ВМРО-ДПМНЕ преку своите функционери, јавни претпријатија и Општина Битола и вработени во Општина Битола тековно и секојднево реализира проекти.

Политичката хајка кон градоначалникот Владимир Талески е обична замислена конструкција додека делата на ВМРО-ДПМНЕ се реални и видливи, изјави Валентина Маркоска, портпарол на  ОК на ВМРО-ДПМНЕ