За реформата во судството дебата и во Битола

0
293

„Независноста не е само право, туку и одговорност на судството. Судските власти, како и секоја друга институција, треба да бидат одговорни пред законот и пред јавноста. Иако отчетноста и независноста може да се чинат контрадикторни, во реалноста одговорноста ја зајакнува независноста на судството. Преку транспарентно прифаќање на своите обврски пред јавноста, судството станува помалку подложно на надворешни притисоци.
Прашањето за политичко влијание во судството во Македонија беше обемно покриено од страна на медиумите, вклучително и во најновиот извештај на Прибе. Извештајт на Прибе истакна дека владата се уште не остварила голем дел од реформите во судството вклучени во препораките на експертскиот тим од 2015 година, рече американскиот екперт кој на нашите судии им рече дека ова создава можност за нив, за промените да дојдат однатре, од сите нив.

„Судска реформа за подобрување на капацитетите на судството и казнена политика на судовите во Република Македонија“, како активност во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ“, беше тема на дебата во Битола, во насока кон две примарни точки од судската реформа кои се издвојуваат според сериозноста и комплексноста. Тоа се реформа за подобрување на капацитетите на правосудството согласно План 3-6-9 на Владата на Република Македонија и влијанието на законот за одредување на видот и одмерување на висината на казните врз казнената политика на судовите во РМ: конкретни предизвици и решенија.

На дебатата учествуваа американски и македонски практичари и експерти, кои имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики, како и да ги дискутираат другите судски примери. Финалните препораки од расправата во вид на заклучоци ќе бидат земени предвид за натамошни измени и дополнувања на законските решенија предмет на оваа расправа.

Ја организираа Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје денеска во Битола организираат научна и стручна расправа.

Без коментари