За реформистите сите 30 места во Техеран

0
297

Сојузниците на реформистичкиот ирански претседател, Хасан Рохани освоија убедлива победа во Техеран, на првите парламентарни избори откако Иран го потпиша нуклеарниот договор со светските сили

„Листата на надеж“ на поддржувачите на Рохани е на прагот да ги освои сите 30 места во главниот град. Водечкиот конзервативен кандидат Голамали Хадад-Адел е на 31. место. Милиони луѓе гласаа во петокот за избор на 290-члениот парламент, како и членови на Собранието на експерти. Ова 88-члено Собрание го поставува врховниот лидер на Иран, а можеби ќе дојде во ситуација да го избира наследникот на ајатолахот Хамнеи, кој има 76 години и е во лоша здравствена состојба.

Резултатите се голем неуспех за тврдокорните струи. Двајца од најистакнатите меѓу нив ги загубија своите места, а третиот е на самото дно и е во опасност да биде елиминиран.