За само три часа во Сао Паоло убиени 19 лица

0
261

Во период од само три час најмалку 19 лица се убиени од огнено оружје во предградијата на бразилскиот град Сао Паоло, соопшти  денеска локалната полиција.

Управникот на полицијата во Сао Паоло, Александре де Мораеш, на прес конференција кажа дека полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност во поединачните инциденти во текот на изминатата ноќ во предградијата Осаско, Баруери и Итапеви, на запад од Сао Паоло, пренесоа американските медиуми.
Мораеш изјави дека во Осаско се убиени 15 лица, во Баруери три, а во Итапеви едно лице, додека повредени се седум лица, кои се префрлени во  болниците.
Градоначалникот на Осаско, Јорже Лапас, за телевизијата „Глобо ТВ“ рече дека убиствата можеби се одговор на неодамнешното убиство на двајца полицајци.
Најмалку 10 од вкупно 19-те жртви се убиени во вооружен напад во еден бар, кога маскирани мажи излегле од автомобили и отвориле оган врз луѓето во барот. Пукање е регистрано во уште најмалку пет други локали.
Моралеш, повикувајќи се на сведоци, истакна дека маскираните напаѓачи во најмалку два инцидента ги прашувале присутните кој од нив има кривично досие, а оние кои одговориле позитивно биле убиени.
-Ќе истражиме дали убиствата ги сториле трговци со дрога, полицајци надвор од должноста или станува збор за акти на одмазда за неодамнешните убиства на двајцата полицајци, рече градоначалникот на Осаско.