За СДСМ одлуката на судот дека „бомбите“ не се никаков доказ е скандалозна

0
398

Ова е скандал од невидени размери. Некој сака да покаже дека нема потреба од специјален јавен обвинител, изјави синоќа пратеникот од СДСМ Горан Сугарески по соопштението на судот дека содржината од аудиоснимките од прислушуваните разговори воопшто нема да бидат земени како доказ во ниту еден случај од пријавите на СДСМ.

„Прво согласно договорот од Пржино ако имаше обвинителство и судство како што треба, а не под врхушката на ВМРО – ДПМНЕ сигурно немаше да се случи ова, ниту пак ќе имаше потреба од специјален обвинител. Сега тие намерно сакаат да направат да нема потреба од специјален обвинител“, рече Сугарески на гостувањето на Топ тема на ТВ Телма.

Тој најави дека ставот на СДСМ ќе биде соопштен во текот на утрешниот ден.

Според првичните реакции од СДСМ, за нив вчерашната одлука на судот, донесена на денот кога опозицијата се врати во Сообранието е директен упад во договорот од Пржино и класично непочитување на договореното.

Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека ги отфрли како неосновани доказите во предметот прислушување против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други лица, затоа што „доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага“.