За седум дена во Алепо се убиени 200 цивили

0
319

Во воздушните напади на области во сирискиот град Алепо, кој се наоѓа под контрола на бунтовниците, во последните седум дена се убиени 123 цивили, меѓу кои 18 деца, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

Во истиот период во нападите на области кои се под контрола на владините сили се убиени 71 цивил, меѓу кои 13 деца, тврди Сирискиот центар.

Уште седум цивили, вклучувајќи три деца, загинале при нападите на владините сили врз подрачја кои не се нивна контрола.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги повика вчера Русија и САД да извршат притисок врз инволвираните страни во конфликтот во Сирија да ги прекинат судирите во земјата и да обезбедат веродостојна истрага за воздушните напади врз болница во Алепо.