За што битолчани го користат велосипедот?

0
297

Колку битолчани го корист велосипедот и за кои намени? Иако познавачите апелираат да се користи велосипедот како транспортно средтство со цел да се намали загадувањето од транспортот, битолчани барем оние кои што ги анкетиравме, велат дека велосипедот го користат најчесто за рекреација

tocak

„ Возам секој ден велосипед и тоа многу километри, понекогаш дури и до 20 “, вели граѓанин

„ Најчесто возиме во група, па одиме до Претор, до Охрид и Прилеп. Тоа го правием за рекреација“, вели граѓанин

Радува тоа што помладите освен за рекреација со велосипед одат и на училиште

„ Многу често возам велосипед па одиме со него и на училиште“, вели граѓанин

Велосипедизмот нашироко се цени како многу ефективен и ефикасен модел за превоз идеален за кратки или умерени растојанија. Велосипедите обезбедуваат бројни користи во споредба со моторните возила, вклучувајќи значајна фискултура со возењето велосипед, меѓу кои се вбројуваат намалената потрошувачка на фосилните горива помало загадување на воздухот и помала бучава во градовите, помали сообраќајни гужви, полесно паркирање и полесно управување. Во предности влегуваат и намалените финансиски трошоци како за корисникот, така и за општеството во целина. Па од кажаното се упативме во продавницата за велосипеди ФИКАМАГО во Битола за да прашаме колку се задоволни од продажбата на велосипеди. Според вработената Гордана Таневска од година во година се повеќе им се зголемувала продажбата на велосипеди, а купувале најчесто учениците а имало и повозрасни граѓани

Секој последен четврток во месецот Критичната маса ја вози турата „Битола на точак“.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY