За сите стоп на Ники, освен за ЗА НЕД ДО

0
3842

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини и градоначалникот на општина Сер во периодот од 21 – 22 мај 2016 ќе земе учество на 10-тиот “Светски фестивал на боречките вештини ” каде за прв пат ќе настапи и тим кој ќе ја претставува Република Македонија.

13233269_1293134984035351_1584868605_n

Македонскиот тим е составен од 36 натпреварувачи кои е предвидено да се натпреваруваат или демонстрираат во над 50 дисциплини, додека македонската делегација брои вкупно 56 члена, меѓу кои се официјални претставници на Академијата како и родители на натпреварувачи.
13241600_1293116834037166_894709545_o

– “Ова е мошне интересна манифестација која веќе 10 години се огранизира низ светот. Оваа година е јубилеен 10 пат и на големо изненадување добивме покана токму од нашите колеги од соседна Република Грција, со цел да ја претставиме нашата држава,. “Светскиот фестивал на боречките вештини” прво има промотивен карактер, самиот назив тоа го констатира, но во се останато тоа е меѓународен настан со учество од над 30 држави и тука е чист професионализам и класични борби и демонстрации на самоодбрана. ” – изјави Златко Неделковски – шеф на македонската делегација.

Годинава оваа манифестација е во соработка меѓу Грчката федерација за боречки вештини и градоначалникот на општина Сер и тоа не е случајност, имено во Сер е сместен најголемиот факултет за физичка култура и спорт во Република Грција, единка од Солунскиот Универзитет “Аристотел”.

13236323_1293134904035359_1725143789_n
– “Имавме помал рок за подготовки бидејќи оваа покана од нашите колеги од Грција не изненади. Ние само што го завршивме традиционалниот годишен изборен турнир, после кој се врши селекција на најдобрите за меѓународни натпревари. Но ние сме постојано подготвени и на поканата и на колегите и на градоначалникот на Сер за оваа манифестација која пред се има племенита цел за промоција на боречките вештини одговоривме со најверојатно еден од поголемите национални состави кои ќе преставуваат една од 30-тината држави таму.  Ние сме подготвени.” – изјави Дијана Неделковска – главен тренер на македонскиот тим и носител на титулата трократен светски шампион во екстремна самоодбрана за 2013, 2014 и 2015 година.

Македонскиот тим за Сер отпатува на 20 мај со радост што ќе имаат можност да учествуваат на ваков вид манифестација која ги промовира разликите кои се богатство во боречките вештини но и професионална подготвеност. Од Сер – Република Грција да се обидат да постигнат успех со кој достојно ќе се претстави и Битола и Македонија.

– “Беше интернет хит кога 2013 година на сред Атина на Светското првенство се вееше 4 пати македонското знаме и се интонираша македонската химна за 4 злата кои нашиот тим и ги донесе на Македонија. Не сме од оние кои ветуваат или имаат таков вид на очекувања. Битно е борбите и демонстрациите да бидат совршено изведени и презентирани, а секој успех е само резултат на квалитетот. Кој знае, можеби и во Сер ќе се интонира нашата химна и ќе се вее македонското знаме” – изјави Дијана Неделковска .
Рано утрово тие ја минале границата иако, според вчерашните информации на овој граничен премин од грчка страна заради тридневниот штрајк беше соопштено дека нема да се пропуштаат патнички возила и камиони, а оние кои сакат да влезат во Грција, тоа ќе можат да го сторат само пешки.