За слабостите на новиот Закон за филм – Манчевски за Тера

0
167

Македонскиот режисер и сценарист, Милчо Манчевски денес во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ одржа два Мастер класа, а вечер ја промовира монографијата „Манчевски“, во 20:30 часот на Новата сцена во НТБ.

Во интервју за Тера, Манчевски вели:

-Уредник на изданието е Марина Костова, таа книга е законска обврска со прогласувањето на национален уметник од пред некоја година. Монографијата има 650 страници и во неа има 10-тина нови есеи кои пишуваат за моето дело, вели Манчевски.

На прашањето дали може некој македонски филм да го стигне успехот на „Пред дождот“, да биде номиниран за Оскар и дали ја следи македонската кинематографија, вели:

-Да бидам искрен не ја следам толку македонската кинематографија. Има многу нови македонски филмови кои не ги имам гледано, не можам конкретно да коментирам. Но за начинот на кој е организирана, начинот на кој Агенцијата за филм ја води, немам високо мислење. Новиот закон за филм има страшно многу слабости и наместо да стимулира тој е рестриктивен. Во следните години ќе се видат негативните ефекти од овој закон и од работата на Агенцијата за филм, изјави за Тера, Манчевски.

Тој зборуваше и за неговата посета на бегалскиот камп во Табановце.

Без коментари

LEAVE A REPLY