За судбината на Грција во Европа, на самитот на ЕУ во недела

0
142

Грција треба во наредните денови да понуди конкретен план за реформи за да добие финансиска помош и да избегне банкрот. Брисел има план и за евентуален излез на Грција од евро-зоната.

Земјите членки на евро-зоната и дадоа рок на Грција до крајот на неделава да понуди предлог за реформи во замена за финансиска помош со која би избегнала банкрот. Грчкиот премиер Алексис Ципрас треба до петок да го презентира предлогот, но германскиот канцелар Ангела Меркел побара од Ципрас да го изложи планот до утре, со цел таа да побара одобрение од Бундестагот за продолжување на преговорите во врска со новата програма за помош.
На итниот самит во Брисел, лидерите на 19-те земји од евро-зоната, објавија дека во недела ќе се одржи самит на сите 28 земји членки на Европската Унија, на кој ќе биде расправано за иднината на Грција.
Премиерот на Шпанија, Мариано Рахој изјави дека Грција е решена да понуди нова програма и таа ќе биде разгледана на самитот во недела.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Европската Централна Банка ќе обезбеди грчките банки да имаат минимум ликвидност барем до недела.