За судството, поранешен државен обвинител на САД во Битола

0
604

Студентите од Правен факултет денеска се едуцираа за судската независност на САД. Предавањето го одржа правниот советник во Американската амбасада во Скопје Рае Вудс.Таа им кажа како се справуваат САД со имунизацијата на судството, од разни влијанија , како политички и финансиски, за на крај да се развие дискусија каква е ситуацијата во Македонија, и како можеме да си помогнеме едни со други , со цел да се подобри ситуацијата по однос на судството.

-Според законската регулатива што ја поседуваме, нашето судство многу не се разликува по однос на судството во другите земји. Со оглед на тоа дека поголемиот број на земји а и ние како претендент за ЕУ одиме на еден вид на унифицирање на законската регулатива по однос на судството. Меѓутоа како и во секоја земја, и во многу побогати земји од нашата, па и во САД, секоја професија и секој облик на власт па и9 судството како трет облик на власт, секогаш потпаѓаат под одредени влијанија. Па и Р.Македонија не е имуна на тие влијанија, изјави Доц.д-р Никола Тунтевски, професор на Правен факултет


Решенијата можеме да ги бараме во законската регулатива

-Оние сегменти каде што чувствуваме дека постојат недостатоци, бидејќи сите сме свесни дека во голем број на извештаи што се однесуваат на Македонија, како што е извештајот на Прибе и извештајот на ЕУ, судството се посочува како еден од сегментите каде што мора да се извршат реформи. Треба преку размена на искуства, со други држави кои би ни помогнале во реформирањето на судството, па и ние сами треба да се реформираме, за да добиеме поквалитетен живот, поквалитетно општество па и поквалитетно судство, рече Тунтевски

Правниот советник во Американската амбасада  не даде изјава за медиумите.