За три дена 2208 мигранти влегле во Македонија

0
1057

Изминативе три дена, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, Министерството за внатрешни работи издаде 2208 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 20.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 16.519 странски државјани, од кои, 12.230 се од машки пол, 2.146 се од женски, 1.998 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-12.134, потоа Авганистан-1.360, Ирак-892, Пакистан-557, Сомалија- 391, Палестина-349, Конго-254, Камерун-100, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20.07.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 32 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.

Без коментари

LEAVE A REPLY