За три дена 7 интервенции на ТППЕ Битола

0
749

-Знаејќи каква е ситуацијата со пожарите во РМ последните два-три дена се префрлуваат на битолскиот дел во реонот каде што територијалната единица го покрива, така да во последните три дена имавме 7 интервенции, пред да дојдите и вие, денес имавме само две интервенции, што значи дека ситуацијата е алармантна.Карактеристично е тоа што двата најголеми пожари едниот во Ротино, другиот меѓу селата Драгарино и Црнеец, беа класично потпалување, но не знам која им е целта. Ако им е целта во 15 до 9 да запалиш оган, знаејќи дека во тој момент дува ветер со голема брзина,и знаејќи дека тој пожар многу брзо можи да дојде до пределот на Пелистер, значи тука се работи за незрело размислување и незрела постапка.Затоа еден мој апел, како човек кој што ја води оваа организација, и како граѓанин на Битола, ги замолувам а воедно и ги потикнувам органите за безбедност да преземат построги мерки и да ги казнуваат потпалувачи односно пиромани, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ во Битола

Без коментари