За вековните културни врски меѓу Македонија и Србија

0
2456

85 учесници, 76 научни трудови, 57 доктори на науки и 18 магистри. Голем беше интересот за овогодинешниот шести по ред Меѓународен симпозиум посветен на научните и културните врски меѓу Македонија и Србија.

-Она што е за нас денес овде за идните поколенија ќе биде историја. Заради тоа овој симпозиум секоја година го дополнува мозаикот на вековните културно историски врски меѓу Македонија и Србија преку нивно препознавање и афирмирање, изјави Силјан Мицевски, почесен конзул на Србија во Битола.siljan

За културниот развој на народите во светот, средбите од овој вид се многу значајни, истакна ректорот на битолскиот универзитет.

– Во овој преплет на минатото, вековните врски и сегашноста преку нивната афирмација како што се случува на овој симпозиум, всушност ја градиме иднината, за што зборува и оваа внимателно одбрана носечка тема на овој научен форум, изјави проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на УКЛО.saso

Членовите на Македонското научно друштво од Битола секоја година се едни од најбројните на симпозиумот.

– Кога науката ќе го достигне своето совршенство станува култура. А кога културата ќе го достигне своето совршенство станува наука, изјави проф. д-р Игор Неделковски, претседател на МНД.igor

Симпозиумот е во организација на почесниот конзулат на Србија во Битола.