За викендот, дожд и пониски температури

0
364

Под влијание на циклонска активност од југозапад денеска попладне и за време на викендот ќе има дестабилизација на временската состојба која ќе услови променливо облачно и ветровито време со повремени локални врнежи од дожд.

Утре попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено на југот и на југоистокот од Македонија.

Во недела ќе биде посвежо со северозападен ветер, а врнежите ќе идат позастапени попладне и во јужните делови.

Од понеделник попладне ќе настапи стабилизирање на времето, а од вторник дневните температури ќе бидат во пораст.

Без коментари

LEAVE A REPLY