За влез во САД потврда за вакцина против грип

0
376

Честа дилема се јавува кај граѓаните дали да се вакцинираат против грип или не? Често се прашуваат дали вакцините се безбедни, и дали може да предизвикаат несакани реакции, а недај боже да бидат фатални по нивното здравје? Но доколку сакате да отпатувате во странство, поточно во САД , треба да имате потврда дека сте примиле вакцина против грип за да може да влезете во оваа земја

-Во последниот период сите оние кои патуват во странство посебно во САД им се бара задолжително да имаат примено вакцина од грип. Па доаѓаат да ја примат и мали деца што не е вообичаено кај нас, но така земјите си преземаат мерки иако постојат тие негативни вакцинални кампањи. Фактички си се штитат многу адекватно и вие не можите да влезите во САД доколку немате потврда со печат за примена вакцина против грип, изјави д-р Тони Коњановски, ЦЈЗ-Битола

Во моментот  има околу 100 вакцина за сезонски грип во ЦЈЗ во Битола. Вакцинирањето е во завршна фаза, а од  октомври минатата година, кога и почна вакцинирањето и кога беа набавени над 30 илјади вакцини на ниво на Р.Македонија, досега се аплицирани 26 илјади и 300 дози, некаде околу 87%

-Поголем дел од вакцините ги аплициравме во првите две недели, тогаш ни е најударниот термин , тоа е втората половина од октомври и тогаш најголем број на граѓаните се вакцинираа , ги излажа малку топлото време и така бројката  на вакцинирани во однос на минатата година е нешто помала . Во моментот имаме уште 100 тина вакцини на располагање

Најголем дел од вакцинираните против грип се на возраст над 64 години, т.е 60% , 35% се на возраст од 30 до 64 години, додека лицата на возраст од 5 до 9 години чинат 1,9%. Вакцинирани се и 6 деца под 5 години. Нема вакцинирани бремени жени. Лицата кои се вакцинирале против сезонски грип го сториле тоа на сопствена иницијатива.