За влијанието на музиката врз човековата личност

0
881

Уметноста е една од најсуптилните форми на човековата пракса, која има за цел да ги стимулира човековите сетила, на човечкиот ум и дух. Вообичаено поделбата е на 7 видови на уметности и тоа на архитектурата, скулптурата, сликарството, музиката, литературата, театарот и филмот. Иако сите тие во голема мера се застапени, музиката се издвојува од сите човечки активности, поради нејзината сепоприсутност, и поради нејзината древност. Постојат бројни истражувања кои што го потврдуваат влијанието на музиката врз човековата личност посебно во делот на емоциите, велат психолозите

fani

-Во средината на 20 ти век во САД било спроведено истражување со цел да се помогне на ветераните од втората светска војна во соочувањето на психолошките и психијатриските заболувања и како да им се помогне на лицата кои што имаат разни невротични проблеми и душевни заболувања. Истражувањата покажале дека музиката влијае на човечкиот мозок и тоа најмногу влијае врз сензорот на емоциите, изјави Фани Димитровска Асим, психолог

Не постои добра и лоша музика според изборот на личноста која ја слуша, вели Димитровска Асим и додава дека постојат позитивни и негативни последици кои што можат да бидат под влијание на таа музика. Музиката влијае врз расположението на човекот , посебно на таа емоционална конотација

headphones-512– Музиката влијае со самото тоа што ја слушаме без разлика ние дали сакаме да влијае иоли не, таа има големо влијае, додаде Димитровска Асим

Тука се поставува прашањето колку изборот на музика кажува за карактерот на една личност?

На краја Димитровска Асим ќе рече: Музиката и те како има влијание врз нашиот живот, затоа што не постои личност која не ја сака музиката или нема човек што нема омилена песна и омилен пеач. Многу луѓе живеат и дишат кроз музиката, други заработуваат од неа а трети слушаат музика затоа што ги опушта.