За вториот круг избори акредитирани 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи

0
228

За вториот круг од локалните избори Државната изборна комисија акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари. ДИК за вториот круг од изборите акредитираше дополнителен број набљудувачи и новинари.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, а од странските, најголем број набљудувачи има мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.  Во ДИК се акредитирани и 315 преведувачи.