За Вучиќ 50,3 отсто, Шешељ влегува во парламентот

0
559

Во 20 часот беа затворени гласачките места на кои српските граѓани гласаа за новиот состав на Народното собрание, Собранието на Војводина и локалните избори.

Со изброени 71,2 проценти од гласовите, најмалку пет листи влегуваат во Собранието на Србија.

Коалицијата предводена од Српската напредна партија (СНС), на сегашниот премиер Александар Вучиќ, освои 50,3 отсто од гласовите. Коалицијата на Социјалистичката партија и Единствена Србија освои 11,8 отсто од гласовите.

Српската радикална партија (СРС) на Воислав Шешељ, кого минатиот месец Хашкиот трибунал го ослободи од обвиненијата за воени злосторства, освои 7,6 отсто од гласовите.

Коалицијата „За праведна Србија“, во која се Демократската партија, Нова партија, Демократска партија на војводинските Хрвати и Заедно за Србија доби 5,5 проценти.

Двери и Демократската партија на Србија, исто така, го преминаа прагот, со 5 отсто од гласовите.

www.mkd.mk