За заедничка Македонија на протести

0
261

Пратениците денеска ќе продолжат со репликите, контрарепликите и процедуралните забелешки за третата точка од дневниот ред – избор на членовите на Комисијата за избор и именувања. СДСМ со потписи од 10 пратеници бара оваа точка од дневниот ред да се прескокне и веднаш да се расправа за нивниот предлог поднесен од 20 пратеници нов претседател на Собранието да биде пратеникот на ДУИ Талат Џафери.

Пробиени се и роковите за локалните избори кои досега требаа да се распишат, а тоа треба да го стори претседателот на Собранието. За избор на нова влада новиот претседател на Собранието треба да добие известување од претседателот на државата дека е определен мандатар. Ѓорге Иванов вели дека нема да го даде мандатот сѐ додека мандатарот не се откаже и отфрли платформата на трите партии на Албанците во Македонија, ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса.