„За заедничка Македонија“ на уставните судии им ја предаде иницијативата за нелегалноста на изборот на Џафери

0
485

Претставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” утрово ја поднесоа иницијативата до Уставниот суд за оценување на уставноста на изборот на Талат Џафери за претседател на законодавниот дом.

Од иницијативата велат дека тужбата е составена од врвни правници и очекуваат дека судот без никакви политички калкулации, водејќи се само од Уставот и законите на Република Македонија ќе оформат предмет по оваа иницијатива и ќе го поништат изборот на Талат Џафери.

„Единственото оружје што го имаме е почитувањето на Уставот и законите. Граѓаните треба да ја добијат оваа битка. Ако не го почитуваме Уставот, тогаш ќе ги уништиме темелите на правната држава. Уставните судии треба чесно и професионално да си ја завршат работата без емоции и политички калкулации. Се надеваме дека по оваа иницијатива нема долго време да се чека за да се оформи предмет. Јасно е дека изборот на претседател на Собранието не е изведен според процедурата, според Уставот, законите и Деловникот на Собранието. Ова е обид за местење на претседател“, изјави Богдан Илиевски.

www.mkd.mk