За земјоделците портал zelenaberza.com.mk

0
736

Од сега сите земјоделски стопанства во Македонија најнови информации од областа на земјоделието ќе можат да најдат на порталот www.zelenaberza.com.mk. Порталот има за цел да го информира населението за продажба на индивидуалното производство на земјоделски производи, како и за начините за полесен пристап до понудата на сите заинтересирани посредници или крајни потрошувачи – откупни центри, ресторани, маркети, пазари итн. Од Агенцијата за попоттикнување на развојот на земјоделието во Битола велат дека бенифитот од вакви портали е голем бидејќи Македонија е држава за која може да се рече дека земјоделството дава голем придонес во креирањето на стопанството, земајќи го во предвид фактот дека постојат околу 170 илјади земјоделски стопанства и повеќе од 400 илјади хектари обработлива површина.

zoran bardakovski

– Со креирањето на портали како што е зелена берза се дава придонес од она што значи информирање од областа на земјоделието, имајќи ги во предвид фактите дека дека во секое земјоделско семејство постои интернет, изјави Зоран Бардаковски, раководител на АПРЗ Битола

Порталот има за цел да се спојат потрошувачите и продавачите на земјоделски производи во Р.Македонија, но и со соседните земји Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Албанија, Италија. zelenaberza.com.mk овозможува и лесен и едноставен пристап до сите информации , велат од агенцијата

– Лесен е за користење има пријателски интерфејс и секој кој што пристапил прв пат може лесно да се снајде и да ги обезбеди потребните информации и податоци, додаде Бардаковски

Овој портал секојдневно го користеле и стручните лица од Агенцијата за поттикнување во развојот на земјоделието во Битола

-Од голема важност се информациите на порталот за советникот кој што треба да креира одредени совети по одредена специјалност, вели Бардаковски

Постои можност на порталот www.zelenaberza.com.mk за поставување на оглас кој што е бесплатен а постои и фан страна на facebook која нуди интеракција помеѓу заинтересираните страни .

Без коментари

LEAVE A REPLY