За значењето на водата, едукативна работилница во ОУ„Гоце Делчев“

0
955

Со цел подигнување на свеста за значењето на водата во ОУ „Гоце Делчев“ од Битола се одржа едукативна работилница.

Работилницата ја насловија „Извор на креативноста“, и во истата беа вклучени учениците од четврто одделение. Децата уште од најмала возраст треба да знаат дека без вода за пиење нема живот, вели директорката на ова училиште. Исто така децата од глина изработија и магнети

-Оваа едукативна работилница ја насловивме „Извор на креативноста“, за која што учениците побудија голем интерес. Децата од најмала возраст треба да знаат колку е значајна водата за пиење и колку количина на вода треба да се конзумира во текот на денот.Всушност треба да знаат дека без вода нема живот. Исто така децата од глина изработуваа клучеви со магнети за да ги искористат за свои потреби, изјави Билјана Рахманова Тасевска, директор на ОУ „Гоце Делчев“ од Битола

ОУ „Гоце Делчев“ од Битола ја одржа едукативната работилница во соработка со Маркетинг агенцијата „Маркетинг Микс“ од Штип.